По истражувањата на специјализираната куќа HPI Peugeot iOn е најисплатливо електрично возило

Генерално, автомобилските произведувачи не наведуваат прецизни информации за одржувањето на електромобилите.

Причина за ова е дека, барем теоретски, најчесто во првите 160.000 километри таква потреба воопшто и не постои.

Сепак, ова не значи дека никаков трошок не е неопходен и тoj варира од модел до модел.

Гласникот кој прв го прогласи Peugeot iOn за најевтин електричен автомобил за поседување е FleetNews.

Потоа, HPI ги прогласи Peugeot iOn и Citroen C-Zero како најевтини половни електромобили на територијата на Велика Британија, а треба да се знае дека истата институција ги имаше во предвид и возилата кои користат и хибридна технологија.

Анализата на најниските трошоци вклучува и месечни издатоци за експлоатација на возилото, трошок по измината миља, сервисно одржување, амортизација и осигурителни издатоци.

По налазите на HPI организацијата Peugeot iOn и Citroen C-Zero го чинат својот сопственик по 410 фунти месечно, а по нив следи Volkswagen e-Up, кој својот сопственик го чини вкупно 526 фунти на месечно ниво.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.