Peugeot Rifter 4×4 Concept ќе биде една од ѕвездите на штандот на францускиот произведувач на женевскиот Автосалон

Peugeot-Rifter_4x4_Concept-2018-1024-16

По презентирањето на новиот Rifter, кој е наследник на Partner и технолошки брат со Citroen Berlingо и Opel Combo, денес претставуваме интересен концепт со номенклатура Rifter 4X4.

Како што и самото име говори, станува збор за унапреден Rifter, со повишен клиренс и погон на сите тркала.

Peugeot-Rifter_4x4_Concept-2018-1024-03

Во однос на стандардната верзија, Peugeot Rifter 4×4 Concept е повисок за 7,6 сантиметри, а со ова доаѓаат и BF Goodrich All Terrain теренски пневматици. На кровот се наоѓа шатор и дополнително лед осветлување.

Иако веќе впечатлив, Peugeot го претставува својот нов концепт во сива боја со црни и жолти детали.

Peugeot-Rifter_4x4_Concept-2018-1024-05

Истата комбинација на бои преовладува и во внатрешноста, која мораме да признаеме, изгледа одлично.

Силата доаѓа од 1.5-литарски BlueHDi дизел со 130кс, а се пренесува со 6-степен мануелен менувач на сите тркала.

Peugeot Rifter 4×4 Concept ќе биде една од ѕвездите на штандот на францускиот произведувач на женевскиот Автосалон, заедно со стандардниот Rifter и секако, главната ѕвезда – новиот Peugeot 508.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.