Gemballa GTR 8XX Evo-R е модифициран Porsche 911 Turbo со поагресивен изглед и повеќе сила

Porsche 911 Turbo е еден од најдобрите спортски автомобили на пазарот, но најновото чедо на тјунинг компанијата Gemballa е пожестоко во секој поглед.

Тоа значи дека 3.8-литарскиот 6-цилиндричен мотор сега располага со 807 кс и 1.098 Нм вртежен момент, па забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае само 2,3 секунди, до 200 км/ч болидот пристигнува за само 7,5 секунди и постигнува максимална брзина од 370 км/ч.

На Porsche 911 Turbo Gemballa GTR 8XX Evo-R се истакнува агресивниот аеро боди кит од јаглеродни влакна и лесни легури – преден браник со три големи отвори за воздух, нова предна хауба, проширени калници, сет на прагови, странични отвори за воздух, заден дифузер и голем заден спојлер.

Ослонувањето е модифицирано, вградени се појаки сопирачки, а тука се и специјалните црни тркала.

Ентериерот е дотеран со посебно обработена алкантара, Gemballa волан и украси од лесни легури.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.