Сопствениците на „грешно“ скапите станови во облакодер во Мајами имаат гаражи и на 60-ти кат

PORSCHE TOWER

Во Мајами неодамна е завршен луксузен облакодер Porsche Tower, кој има 60 ката. Во овој рај ни на небо ни на земја, сопствениците ги паркираат своите автомобили директно во стан.

Станарите на оваа кула не мораат да се грижат за паркинг места, бидејќи покрај класичните лифтови, објектот е опремен и со таканаречени дезерватори.

PORSCHE TOWER2

Тоа е нов пронајдок на Американецот Дил Дезер, кој својата номенклатура ја добил по комбинацијата на букви од неговото име и зборот елеватор.

Возачот го паркира своето возило на одредена платформа, го одбира бројот на апартманот и лифтот го транспортира во гаража, пардон, во соба за автомобил.

PORSCHE TOWER3

Приказната е уште поинтересна, бидејќи во најголемите пентхауси можат да се паркираат повеќе автомобили.

Еден од нив е опремен со места за дури 11 возила, од кои 7 во стаклена галерија. Ваков еден стан чини околу 32 милиони долари, а цените на останатите 132 стана стартуваат од 5 милиони долари.

PORSCHE TOWER4

Секако дека можете да купите стан и доколку не поседувате Porsche, битно е само количеството на зелена хартија.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.