„Електрификацијата, која може да ја уништи авто индустријата, не ја форсираат купувачите, туку лошата политичка регулатива“

Аналитичарите тврдат дека електричните автомобили (EV) не само што сега не се профитабилни, туку и дека нема никогаш ни да бидат и со самото тоа ќе ја загрозат автомобилската индустрија.

Во анализата на агенцијата Reuters се истакнува дека автомобилската индустрија се наоѓа во „ужасна ситуација“ заради исполнувањето на се поострите еколошки норми. Заради ова забрзано се форсира производството на електрични возила, иако купувачите не сакаат да платат повеќе за EV автомобил.

„Побарувачката не ги оправдува инвестициите. Сето ова се случува заради лошата регулатива“, тврди аналитичарката Ребека Линдленд.

Директорот на консултантската фирма Alix Partners, Лорен Петизон, долева масло врз огинот со изјавата дека произведувачите се поподготвени на губење на парични средства, од колку да плаќаат еколошки казни.

Се проценува дека произведувачите наплаќаат за EV автомобил во просек 7.800 евра повеќе од колку што чини стандардната верзија на истиот модел. Петизон истакнува дека трошоците на производстовото на EV се многу поголеми од оние на луксузите возила, па заради ова електричните модели, како што се на пример Mercedes EQC или DS 3 Crossback, се губитници дури и пред да се појават на пазарот.

Во меѓувреме, Европската асоцијација на автомобилски произведувачи (EAMA – European Automobile Manufacturers Association) предупредува дека се заканува губење на 3,4 милиони деловни зделки во автомобилската индустрија. Се истакнува дека комплетната светска економија ќе биде разнишана заради преминувањето на електрични, поврзани и автономни возила.

Секако, како и при секои потреси од вакво тектонско ниво, ќе постојат победници и губитници. По Reuters, поголемите произведувачи и групации можат да си приуштат губитоци на EV возилата, доколку истото им го овозможи продавањето на оние возила кои им носат најголем профит, како што се SUV и големите лимузини.

Од другата страна, поситните конкуренти ќе се соочат со многу потешки предизвици.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.