Британскиот произведувач најави дека не планира да воведува системи за автономно возење во своите автомобили

Додека повеќето авто произведувачи ширум светот наголемо развиваат системи за автономно возење, постојат и оние кои не го пратат овој тренд. Меѓу нив е и произведувачот на супер луксузни автомобили Rolls-Royce.

RR ова не го прави од причина што сопствениците на неговите модели уживаат лично да го возат својот автомобил (како сопствениците на Lamborghini и Ferrari, на пример), туку сосема спротивно.

Како што посочи директорот на оваа компанија, Torsten Miler-Otvos, купувачите на Rolls-Royce припаѓаат на класата на луѓе кои или имаат лични шофери или повремено ги ангажираат кога ќе посакаат да се возат во својот луксузен автомобил.

Тие кои самостојно го возат својот Rolls-Royce претставуваат „статистичка грешка“.

„Дури и кога сопственикот на Rolls-Royce нема во своја служба перманентно вработен шофер, тие ќе го ангажираат, кога на пример, ќе посакаат да одат на опера или на вечера во ресторан.“

Torsten Miler-Otvos вели дека нема смисла да ги опремуваат нивните возила со самовозечки технологии кои би имале улога на шофер, кога шофер веќе постои.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.