Порано викавме „Дачија – купи ја, па плачи ја“, но сега работите стојат поинаку

Многу бариери во светот на автомобилизмот се одамна срушени, а кога е Dacia во прашање остана само една – спортски модел за европскиот пазар.

Романската марка, со која порано често се мајтапевме, во последниов период созреа во сериозен произведувач на солидни, робусни и евтини автомобили, но сепак е единствена марка во составот на концернот што не може да се пофали со спортска верзија на автомобил.

Понатаму од Stepway изданието не се отиде, а за разлика од Renault, Nissan и Mitsubishi раководството не гледа потенцијал за една спортска Daciа.

Но, јавноста не смета така, особено кога е во прашање Sandero.

Станува збор за солидно дизајниран автомобил, кој има одлична база за фабрички тјунинг, а ако може Renault Sport, зошто не би можел и Dacia Sport?

Авторот на спортскиот Sanderо е Клебер Силва, а уште кога би бил лишен од непотребна помодарска електроника, со класичен менувач и достапна цена, овој модел би бил полн погодок и во маркетиншка смисла.

Lada Sport оди токму по овие принципи, а газдата е ист, па идејата за спортско Sanderо „држи вода“.

На крајот, ќе го посочиме Sanderо RS, кој под значката на Renault и со 2.0-мотор одлично се продава во Латинска Америка.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.