Најскапиот Mustang на сите времиња продаден на аукција

Најскапиот Mustang на сите времиња продаден на аукција и понатаму останува уникатниот Shelby GT500 Super Snake, кој го удвои својот поранешен, сопствен рекорд.

На неодамна одржаната Mecum Kissimmee аукција на Флорида, Shelby GT500 Super Snake постави нов продажен рекорд, соборувајќи го својот поранешен, кој изнесуваше 1,3 милиони долари, заработувајќи фантастични 2,2 милиони долари.

Предметниот Shelby GT500 Super Snake е концепт настанат врз основ на сериски Ford Mustang GT500 од 1967 година, со тоа што наместо стандардниот V8 од 390 кубни инчи и 320кс е уфрлен монструозен Shelby 427 со цели 600 кс, сличен на оној кој го имаше 1966 Ford GT40 Mk II со кој победи на Ле Ман.

Уште еден интересен факт е што овој прототип настанал со цел тестирање на Goodyear Thunderbolt пневматици, при што на тестирањата на овална патека, поминувал и по 500 милји со просечна брзина од скоро 250 км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.