Уживајте во одличната фото галерија на овој прекрасен модел

Единствено сочуван и импресивно обновен првиот спортски автомобил на марката Škoda.
Од само 12 изработени примероци на моделот BSC од 1908 година, само еден е сочуван до денес, а Škoda се потруди токму овој автомобил после цели 110 години да заблеска во полн сјај.

Во времето кога BSC е конструиран, компанијата Škoda не го носела денешното име, туку во називот на брендот стоеле имињата на основачите – Laurin и Klement.

Првиот модел, Voiturette A, го отвори патот за BS серијата, а најспортскиот од нив ја носеше ознака BSC. Додека регуларниот Laurin & Klement BS имал мотор од 10 коњски сили, BSC располагал со 12 кс.

Во периодот од 10 јуни до 20 октомври 1908 година направени се само 12 примероци на овој автомобил. Škoda внимателно и темелно го реставрираше единствениот примерок на овој модел, а процесот на обнова траел две години.

Чешкиот произведувач со гордост истакнува дека некои од најважните компоненти на возилото се оригинални, вклучувајќи го и 1.4-литарскиот мотор со два цилиндри.

Уживајте во одличната фото галерија на овој прекрасен модел:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.