Измама наречена Spyker – Земале авансни депозити од 100 купувачи, а со производство не започнале дури ни по 18 месеци

На Автосалонот во Женева 2017 година холандскиот произведувач на суперспортски автомобили Spyker го претстави импресивниот C8 Preliator Spyder. Болидот требаше да биде произведен во 100 единици и требаше да биде погонуван од 5.0-литарски V8 мотор на Koenigsegg.

Зошто „требаше“, а сега е веќе втора половина на 2018 година?

Оснивачите на компанијата Victor Muller и Martijn Schilte за 400.000 евра вредниот автомобил земале депозити од 100 среќници, кои сега сфатиле дека и не се баш толку среќни.

Имено, ниту еден Spyker C8 Preliator Spyder не тргнал со производство, а ова го потврди и портпаролот на Koenigsegg, Steve Ward, кој за Autovisie изјави дека во последниве месеци ништо не е покренато.

„Не направивме ниту еден мотор за Spyker. Тие уште не ги исполнија договорените услови, така да ниту ние не тргнавме со производство“, изјави едноставно Вард.

Еден од незадоволните клиенти објави како ниту еден депозит не е вратен, иако нарачките се поништени.

Марката која некогаш не фасцинираше со импресивни и необично дизајнирани болиди сега се наоѓа на црната листа и веруваме дека во иднина, доколку воопшто постои за оваа компанија, многу тешко ќе добиваат депозити за најавените модели.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.