Скоро 300 примероци на Subaru Ascent произведени во јули 2018 година ќе одат во старо железо

Скоро 300 примероци на Subaru Ascent произведени во јули 2018 година ќе одат во старо железо, заради тоа што роботите погрешно ги завариле столбовите на каросеријата.

Во мај месец годинава Subaru започна со производство на нов голем SUV со три реда седишта во Индијана, САД, но јапоскиот произведувач уште на самиот старт се соочува со големи проблеми.

Имено, утврдено е дека заради грешка во софтверот, роботите кои ги заваруваат носачите на кровот на возилото промашиле една од позициите на каросеријата, која е многу значајна за цврстината на конструкцијата на возилото.

Американската национална агенција за безбедност во сообраќајот (NHTSA) прецизира дека е во прашање критична точка на централните Б столбови на автомобилот.

Агенцијата прецизира дека во случај на сообраќајна несреќа, заради оваа грешка, може да биде загрозена структурата на возилото, што може да доведе до фатални повреди на патниците.

Проблемот е откриен на 293 автомобили изработени во периодот од 13 до 21 јули, а со овој отповик сепак не се опфатени сите возила од тој период, што значи дека дел од нив се исправни.

Subaru соопшти дека заради позицијата на спорната точка на каросеријата нема да бидат во можност да го отклонат овој недостаток, така да сите 293 примероци на моделот Ascent ќе мораат да одат под преса.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.