Германскиот TechArt подготви импресивен пакет за унапредување на 911 Turbo S, но само за 30 најбрзи клиенти

Германскиот TechArt подготви пакет за унапредување на Porsche 911 Turbo S, со цена од 29.991 евра и напомена дека истиот е на располагање за само 30 најбрзи клиенти.

Тјунинг третманот на Porsche 911 Turbo S на TechArt содржи аеро боди кит каде спаѓаат преден спојлер, прагови, заден дифузер, заден спојлер, отвори за воздух и друго.

Со модификуваното навалување автомобилот е понизок за 30 милиметри, вози на нови алуминиумски тркала, а тука е и новиот издувен систем изработен од – титаниум.

Ентериерот е дотеран и „нашминкан“, а агрегатот е засилен. 911 Turbo S на германскиот TechArt располага со 640кс и 880Нм вртежен момент, до стотка забрзува за само 2,7 секунди и не застанува до максималните 338км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.