Таканаречената „Бела колекција“ на Porsche се наоѓа на тајна локација, сопственикот е анонимен и заради својата содржина и комплетниот дизајн на ентериерот изгледа фантастично

Таканаречената „Бела колекција“ на Porsche автомобили се наоѓа на тајна локација и заради својата содржина, но и комплетниот дизајн на ентериерот изгледа навистина фантастично и нестварно.

Фановите на Porsche, но и сите други вистински вљубеници во автомобили остануваат без зборови пред еден ваков призор. Не само што на едно место се наоѓа огромна колекција на модели од сите епохи на овој германски произведувач, туку сите 65 изложени автомобили се во бела боја и згора на тоа – опкружени со бела боја.

Имено, целата внатрешност на зградата во која се наоѓа импресивната колекција е исто така бела. Сопственикот на The White Collection Porsche сака да остане анонимен, не е позната ниту локацијата на објектот во кој се чуваат овие специфични примероци, освен тоа дека веројатно се наоѓа некаде на територијата на САД.

Што се однесува до изложбените експонати, од автомобилите се присутни сите генерации на Porsche, а доминираат 911 моделите. Помеѓу главните атракции се Porsche 959, 918 Spyder, Carrera GT, а тука се и неколку примероци на 356.

На катот се разни историски предмети, тесно поврзани со Porsche, како и оригиналната документација на возилата.

Во музејски услови се чуваат и оригинални промотивни постери, како и разни асесоари, облека, патни торби со Porsche ознака, а тука е и библиотека за германскиот произведувач.

Во колекцијата се уврстени дури и Porsche велосипеди.

Уживајте во видео прилогот за оваа фантастична колекција:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.