Koenigsegg Agera заминува во заслужена пензија, а по тој повод ги претставуваме последните два примероци, кои се толку посебни што – добиле свои имиња

Koenigsegg Agera заминува во заслужена пензија, а по тој повод ги претставуваме последните два примероци, кои се толку посебни што – добиле свои имиња.

Thor и Väder се базирани врз Agerа RS, а доаѓаат со бројни додатоци кои произведувачот нема да ги наплати на конечните купувачи.

Под капакот се наоѓа 5.0-литарски twin-turbo V8 со неверојатни 1.360кс.

Со овој монструозен агрегат Agera собори пет светски рекорди и возеше најбрзо на светот – 457,94км/ч.

Thor доаѓа во двобојна комбинација и дополнителни сјајни детали, а се дистанцира и со централниот стабилизатор.

Väder, од друга страна се гордее со своето карбонско одело и златните декорации.

Освен активното задно крило со зголемени димензии, добива и дополнителни стабилизатори, како и модифицирани носачи.

Двата специјални примероци викендов ќе бидат преземени од нивните среќни сопственици, по што следната недела ќе ги видиме на Goodwood, каде ќе бидат претставени на познатиот Фестивал на брзината.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.