Наследникот на хипер автомобилот на Porsche се подготвува далеку од очите на јавноста и во строга тајност

Кога пристигна на пазарот Porsche 918 Spyder беше еден од најбрзите автомобили на светот, а неговиот наследник дополнително ќе го стимулира адреналинот веќе со самото свое појавување.

Porsche 918 Spyder, Ferrari LaFerrari и McLaren P1 на импресивен начин докажаа дека хибридната технологија може ефикасно да се стави во функција на високо софистицирани перформанси.

Истовремено, ова трио може слободно да се смета за своевидни основачи на класата хипер автомобили.

Ефектната комбинација на атмосферски 4.6 V8 бензинец и два електромотори се заслужни за 887 коњски сили и камионски 1280 Нм на Porsche 918 Spyder. Спринтот до стотка за 2,5 секунди и максималната брзина од 345 км/ч предизвикуваат стравопочит.

Еден круг на легендарниот Нирбургринг Porsche 918 Spyder го поминува за 6 минути и 57 секунди, резултат од 2013 година.

Еклатантен доказ дека на овој хипер автомобил му треба наследник се новите резултати на конкуренцијата. Lamborghini Aventador SVJ на „Зелениот пекол“ постигна резултат од 6:44.97.

Наследникот на моделот Porsche 918 Spyder ќе има тешка задача кругот на Нирбиргринг да го помине за максимално време од 6:30.

При ова, Германците најавуваат дека уште не одлучиле кој погон ќе го користи новиот модел. Планираното време е императив, а се останато ќе се смета за неуспех.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.