Во Toyotа патентираа нешто невидено до сега – паметен систем против кражба на автомобили кој испушта солзавец

Инженерите на Toyotа направија мудар план, кој ќе помогне во борба против крадење на автомобилите. Планот е конкретен – Toyotа сака да ги опреми автомобилите со солзавец, кој ќе се активира од компјутер, кога истиот ќе детерминира „незаконско придвижување на моторот“.

Јапонската компанија предаде апликација за патент на ткн. мирисен систем, кој покрај пријатни мириси, може да испушти и солзавец, доколку неповикан гостин се најде во автомобилот.

Проценката за ова ја врши компјутер со помош на сензори, а мирисите се бираат со помош на контролер, кој може да избере и одреди специфични мириси за разни ситуации.

Системот ќе се поврзува со паметниот телефон на корисникот и ќе емитира одреден мирис, во зависност од тоа која особа ќе влезе во автомобилот. Наведени се и мириси, кои се испуштаат од кога патникот ќе излезе од автомобилот, кои би ја освежувале кабината.

Меѓутоа, доколку во возилото влезе некој кој нема конекција со истото и се обиде да го придвижи моторот, системот ќе го имобилизира возилото, а опишаниот мирисен гаџет ќе испушти солзавец во кабината, елиминирајќи го крадецот.

За крај напомена дека се работи за апликација за патент, па нема гаранција дека овој генијален систем навистина ќе влезе во сериско производство.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.