Жестоки параметри – 610кс, 800Nm и цена заради која гарантираме дека ќе ви се заврти во главата

VAZ-2105, позната и како Lada Riva/Nova, спаѓа во класиците на источноевропската автомобилска индустрија. „Родена“ во 1980 година во СССР, во заслужена пензија заминува дури 3 децении потоа и по респектабилни 3 милиони продадени единици.

Деновиве на продажба е понуден импресивен VAZ-2105, кој веќе го доби епитетот „најскапа Ladа на светот“.

Произведена во 1999 година, сопственикот Федор Воробјов со ова чудовиште учествува во рускиот дрифт шампионат.

Федор во неа вградил 3.0-литарски турбо бензинец со сила од 610кс и 800Nm, а листата на модификации кои сопственикот вредно и континуирано ги правел полни 10 години е импресивно долга.

Иако оваа суперспортска Lada е многу повредна од стандардниот модел, сепак изненадува сумата која Воробјов ја побарал за својот љубимец.

Од потенцијалниот купувач сопственикот побарува, ни помалку ни повеќе, туку 10 милиони рубљи (137.170 евра), што е износ кој ги надминува цените на Chevrolet Corvette Z06, Mercedes-AMG GT, Porsche 911 GT3, Nissan GT-R.

Дали оваа „Суперлада“ вреди толку, одлучете сами.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.