За автомобилските колекционери купување на првиот произведен примерок на нов модел е вистински сон

За автомобилските колекционери купување на првиот произведен примерок на нов модел е вистински сон, е еден човек стана горд сопственик на првиот Ford Mustang Shelby GT500.

Станува збор за првиот сериски произведен Mustang Shelby GT500 (VIN 001) моделска година 2020, продаден на аукција за 1,1 милион долари.

Купувачот е Креиг Џексон, претседател и директор на аукциската куќа Barrett-Jackson, кој победи на „свој терен“ во Скотсдејл, каде и беже одржана аукцијата на споменатата куќа.

Комплетниот износ ќе биде дониран на глобалната организација JDRF, која ги финансира истражувањата за дијабетес тип 1, со цел да се пронајде лек за оваа тешка болест.

„Шанса да станете сопственик на прв примерок е животна прилика. Уште е поважно да се помогне во собирањето на финансиски средства за JDRF. Сите добиваат“, изјави претседателот на Ford, Џо Хинрикс.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.