Сојузот ги спојува предностите на двата автомобилски произведувачи со цел компетитивност, иновативност и збогатување на понудата

На Автосалонот во Детроит Volkswagen и Ford ги објавија првите формални договори со кои ќе ја зголемат конкурентноста во работењето и ќе работат на задоволството кај купувачите во ерата на брзи промени во авто индустријата.

Главниот извршен директор на VW Херберт Дис и генералниот директор на Ford Џим Хекет во соопштението наведоа дека првите заеднички произведени возила би можеле да бидат лансирани на пазарот веќе во 2022 година, така да ова поврзување ќе обезбеди и поголеми профити за двете компании од 2023 година.

Ford би произведувал пикапови од средна големина, наследници на Ford Ranger и VW Amarok, како и поголеми комби возила, додека Volkswagen би развивал и произведувал помали урбани комерцијални возила, од типот на Caddy.

Исто така, двете компании потпишаа меморандум за соработка во областа на електрични и автономни возила и подготвени се да разгледуваат и дополнителните проекти, но како самостојни стопански субјекти, без меѓусебно мешање во сопственоста.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.