Моделот кој со децении е убедливо најбаран автомобил во Европа, во Америка наидува на затворени врати

Моделот кој со децении е убедливо најбаран автомобил во Европа, во Америка наидува на затворени врати, не предизвикувајќи никакви емоции кај просечниот американски купувач.

До премиерата на новата, осма генерација на европскиот бестселер Golf останаа само уште неколку месеци, а како наведува Motor1, стандардната хечбек верзија на овој модел, како и караванот воопшто нема да бидат достапни во САД.

Повикувајќи се на извор од Volkswagen, Motor1 наведува дека во САД ќе се продаваат само високо перформантни варијанти на Golf 8 – GTI и Golf R.

Иако германскиот произведувач официјално не ја потврди оваа вест, податоците за продажбата на актуелниот Golf 7 во САД ја откриваат причината за оваа одлука.

Имено, во 2018 година половина од вкупната продажба на возилата од Golf фамилијата на американскиот пазар го сочинуваат токму GTI и Golf R, додека стандардниот Golf хечбек оди многу лошо – само 6.642 испорачани единици, што е помалку од 2% од вкупната продажба на овој бренд во оваа земја.

Одговорот зошто Американците не го купуваат европскиот бестселер лежи во емоциите, едноставно овој модел не предизвикува никакви емоции кај просечниот американски купувач.

Motor1 прецизира дека во САД е неизвесна иднината и на останатите верзии на Golf, како што се e-Golf и крос варијантата Alltrack.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.