До пред само некоја година автомобил произведен во Кина претставуваше лошо направено и евтино возило, но во меѓувреме многу работи се променија

Верувале или не, ова денес го тврдат челниците на Volvо, прецизирајќи дека Volvо автомобилите направени во Кина се посупериорни по квалитет, во однос на оние кои се прават во Европа.

Ова го истакна постариот потпретседател на Volvо дизајнот Робин Пејџ и додаде:

„Откривме дека квалитетот на автомобилите произведени во Кина е повисок од оние во Европа. Сите беа загрижени околу квалитетот, но набргу сфатија дека кинеското ниво е значително повисоко во однос на европското.“

Пејџ истакнува дека кинеските фабрики во сопствеништво на компанијата Geely, која го контролира Volvo, произведуваат возила од висок квалитет, бидејќи помалку се потпираат на автоматизација и имаат поограничена толеранција.

Volvo започна да ги произведува своите возила во Кина во 2014 година со претходната генерација на лимузината S60, на која потоа и се приклучи и седанот S90 во 2016 година.

Во Кина сега се произведува и XC60, се очекуваат уште неколку модели меѓу кои е и серијата 40, а натписот Made in China се наоѓа и на луксузниот подбренд Polestar.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.