Нов проект на одличните Ares Design – Wami

Најновиот проект на одличните Ares Design носи едноставно име Wami, а инспириран е од дизајнот на класичните модели на Maserati. Wami претставува генијален спој на класичен дизајн (тука е се класично изведено, од страничните издувни цевки, до пневматици со бела рамка) и модерни материјали, користени при конструкцијата на каросеријата (лесни легури, јаглеродни влакна и алуминиум).

Детали за овој импресивен модел, за жал, за сега нема многу, бидејќи проектот е во фаза на почетен развој.

Знаејќи ја брилијантната репутација на Ares Design (Ferrari GTC4Lusso како модерен Ferrari 412 ) и нивните неограничени можности, со нетрпение ги очекуваме дополнителните параметри, особено на која платформа ќе биде поставен Wami и каков погон ќе има овој ретро роадстер.

Се шпекулира дека Ares Design овој пат ќе оди во правец на Ferrari Portofino. Тоа би значело дека под хаубата на Wami ќе се најде twin-turbo V8 агрегат, кој покрај Portofino ги движи и Maserati Quattroporte и Levante, Ferrari 488 и GTC4 Lusso T.

Разгледувајќи ги приложените слики, не збуни фактот што во кабината гледаме три педали, што значи дека моделот ќе има мануелна трансмисија, но во кабината нема никаква рачка за менувач.

Се надеваме дека набргу овој проект ќе го видиме и во реалност, бидејќи едноставно изгледа премногу добро за да се откажат од него пред да ја „здогледа светлината на денот“.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.