Организациониот одбор на наградата World Car of the Year ги објави листите на финалисти за овие престижни награди

World Car of the Year 2018

Организациониот одбор на наградата World Car of the Year ја објави листата на финалисти, која до женевскиот Автосалон дополнително ќе биде намалена, додека прогласувањето ќе се одржи на Автосалонот во Њујорк на крај на март месец.

Кандидатите за главната награда World Car of the Year 2018 се:

Alfa Romeo Giulia

Alfa_Romeo-Giulia_Veloce-2017-1024-01

BMW X3

Kia Stinger

Kia-Stinger-2018-1024-0d

Land Rover Discovery

Mazda CX-5

Nissan Leaf

Range Rover Velar

Land_Rover-Range_Rover_Velar-2018-1024-01

Toyota Camry

Volkswagen T-Roc

Volvo XC60

Volvo-XC60_UK-Version-2018-1024-01

Победникот во категоријата World Luxury Car ќе се одбира помеѓу Audi A8, BMW 6 Gran Turismo, Lexus LS, Porsche Cayenne или Porsche Panamera.

Honda-Civic_Type_R-2018-1024-23

Наградата World Performance Car ќе ја освои еден од следните автомобили: Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio, Audi RS 3 Sedan, BMW M5, Honda Civic Type R или Lexus LC 500.

Lexus-LS_500h-2018-1024-01

Финалистите за World Green Car се BMW 530e iPerformance, Chevrolet Cruze Diesel, Chrysler Pacifica Hybrid и Nissan Leaf.

Во категоријата градски автомобили за наградата ќе се борат Ford Fiesta, Hyundai Kona, Nissan Micra, Suzuki Swift и Volkswagen Polo.

За наградата World Design of the Year ќе одлучува посебно жири составено од стручњаци за автомобилски дизајн, а финалистите се Citroen C3 Aircross, Lexus LC 500, Range Rover Velar, Renault Alpine A110 и Volvo XC 60.

Jaguar-F-Pace_S-2017-1024-09

За крај ќе потсетиме дека носител на титулата World Car of the Year за 2017 година е Jaguar F-Pace.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.