Наречен Yugo GT 5000 Concept, пред нас е современ „Стокец“ каков не можевме ниту да замислиме

Една од гордостите на југословенска автомобилска индустрија ширум светот Zastavа 101 е продадена во скоро милион и 300.000 единици, што е уште еден доказ за нејзината робусност и квалитет.

Иако не се произведува веќе 10 години, популарниот „Стокец“ засекогаш ќе остане во нашите срца, а не го забораваат ниту меѓународните автомобилски ентузијасти.

Еден од таквите ентузијасти кој смета дека Zastavа 101 заслужува вистински наследник е дизајнерот Михаел Мерклер. Михаел со својот дигитален дизајнерски производ ни покажува како треба да изгледа современиот „Стокец“.

Вистински спортски, моќен хечбек, на кој како основа му послужила американската варијанта Yugo 311.

Наречен Yugo GT 5000 Concept, гледаме современ „Стокец“ каков не можевме ниту да замислиме.

Голем е колку Chrysler C 300, опремен со ЛЕД светлосни групи, вози на 20-инчни фелни и пневматици со широчина од 265 милиметри, а има и моќни сопирачки клешти.

Под хаубата на Yugo GT 5000 е замислен 5.0-литарски V8 агрегат со турбо полнач и погон на сите тркала, кој се пренесува преку 8-степен автоматик.

Ова Yugo „развива“ 600 кс, од место до стотка забрзува за 2,8 секунди и не застанува до максималните 320 км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.